
Санкциите кон Русија поради војната или интервенцијата во Украина се прошируваат на многу области, а една од нив се и финансиите. По блокадата на swift дознаките од повеќе банки, во санкциите се вклучија и Visa и Mastercard.

Photo by Stephen Phillips – Hostreviews.co.uk on Unsplash
Visa и MasterCard, кои заедно прават 90% од сите плаќања со дебитни и кредитни картички надвор од Кина, блокираа голем број руски финансиски институции од нивните мрежи, нанесувајќи и уште еден тежок удар на економијата на земјата.
Двете компании потврдија дека постапиле брзо во согласност со американските санкции наметнати на Русија по нејзината инвазија на Украина минатата недела.
„Ќе продолжиме да работиме со регулаторите во наредните денови за целосно да се усогласиме со нашите обврски за усогласеност додека тие се развиваат“, се вели во соопштението на Mastercard.
Соединетите Американски Држави составија листа на субјекти кои подлежат на санкции, вклучително и руската централна банка и нејзиниот втор по големина заемодавач, кои Visa мора да ги суспендира од својата мрежа, наведува Ројтерс.
Русија, очигледно од поодамна свесна за можен таков развој на настаните, уште од 2015 година гради алтернативна мрежа за плаќање која не се потпира на Visa или MasterCard.
Сепак, Мир, како што се нарекува, има само околу 30% од пазарниот удел во Русија, според централната банка на земјата.
Претходно, меѓународната заедница одлучи да ја блокира Русија од глобалниот финансиски систем SWIFT.
Google блокираше алатки со кои во живо се следи војната во Украина
Во заедничката изјава, лидерите на Европа, Велика Британија, Соединетите Држави и Канада изјавија дека овој потег е одговор на одлуката на Владимир Путин да ја нападне Украина.
Во заедничката изјава стои: „Ние стоиме покрај украинската влада и украинскиот народ во нивните херојски напори да се спротивстават на руската инвазија. Руската војна е напад на основните меѓународни правила и норми кои преовладуваат од Втората светска војна, а кои ние сме посветени да ги браниме“.
SWIFT – Светската меѓубанкарска компанија за финансиски телекомуникации со седиште во Белгија – пренесува милијарди долари на повеќе од 11.000 банки и други финансиски институции ширум светот секој ден.