
Војната во најголем дел носи страдања и жртви, но не е мал бројот и на поединци, организации, држави, кои од војната и профитираат.

Photo by Diego González on Unsplash
Во оваа категорија секако се и платените војници кои се упатуваат во воените жаришта, најчесто под формата „мировна мисија“. Таков е случајот и со војната во Украина, каде странски војници добиваат и по 1000 до 2000 долари дневно.
Конфликтот во Украина и се што се случува во таа земја веќе ги отвори вратите за странските борци, но и за странските платеници.
За денот на војување или „извлекување цивили“, како што официјално се нарекува работата, на која може да се пријават заинтересираните, земале плата од 1.000 до 2.000 долари, јавуваат хрватските медиуми.
Платата зависи од локацијата на работното место, а има и различни бонуси.
Silent Partner, компанија со седиште во САД која регрутира за работни места во воена зона и мирнодопски услови, бара повеќе агенти и тимови за тајно евакуирање и заштита на поединци и семејства во украинските села и поголемите градови.
Да потсетиме, околу 200 хрватски доброволци веќе пристигнаа во војната во Украина, каде што се борат, а на тоа остро реагираше Русија.
Според официјалниот претставник на ресорот, во четвртокот во Министерството за одбрана бил поканет одбранбеното аташе на хрватската амбасада во Москва, при што, меѓу другото, бил информиран дека руската страна била запознаена со доаѓањето на платениците.
Социјалните мрежи во војната – блокирани фејсбук, твитер, јутјуб
„На военото аташе му беа посочени незаконските активности на хрватскиот државјанин Денис Шелер, кој учествуваше во воените дејствија во југоисточна Украина во 2015 година, формирајќи одреди од хрватски платеници кои требаше да бидат испратени во Украина“, додаде тој.