ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.08.2023
Во Белгија дозволена промена на име – за 500 евра!
Автор: Goce Author

Во Белгија од 2018 година дозволена е промена на името, со такса од 500 евра. Процесот трае три месеци, па секој што сака да го смени своето име има доволно време внимателно да го избере.

Брисел, Белгија
Image by Yaroslav Danylchenko on Freepik

Таксите што ги наплаќаат локалните власти за луѓето кои сакаат официјално да го променат своето име варираат во зависност од областа на градот, општината во која живеат во Брисел.

Рекорден број од 5.104 жители на Белгија одлучија да го променат своето име во 2022 година. Само белгиските граѓани и регистрираните бегалци можат да го направат тоа. Во барањето мора да објаснат зошто сакаат да си го сменат името.

Во Шпанија забранети имиња како Сталин, Јуда, Каин….

Етербирк е една од 19-те општини во Брисел, а за промена на името на граѓаните им понуди паричен попуст за имиња кои звучат „туѓо“.

Некои бриселски општини неодамна ја рекламираа промената на името како бесплатна услуга, со цел да се избегне дискриминација на граѓаните.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија