ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.06.2022
Во Брисел денес се носат одлуки – која држава ќе оди во ЕУ, а која останува во чекалната?
Автор: Goce Author

Во Брисел денеска почнува дводневниот самит ЕУ-Западен Балкан, кој, меѓу другото, ќе даде појасна слика за неколку земји кога станува збор за кандидатскиот статус за ЕУ.

Во „барабанот“ се Украина, Молдавија, Грузија, Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

Photo by Guillaume Périgois on Unsplash

Според неофицијални информации и медиумски увид во нацрт-документот што ќе го усвојат лидерите на 27-те земји-членки на состанокот на Европскиот совет, Украина и Молдавија ќе добијат кандидатски статус, додека Грузијците се уште се под знак прашалник.

Вчера германскиот канцелар Олаф Шолц, пред Бундестагот изјави дека на денешниот самит во ЕУ мора да се даде зелено светло за Македонија и Албанија, истовремено изразувајќи надеж дека „сите ќе се надминат себеси и ќе ја сфатат својата одговорност”.

По консултациите со соработниците и членовите на владите, српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Македонија Еди Рама и Димитар Ковачевски сепак одлучија да патуваат заедно на самитот, а договорени се и принципите за разговори со претставници на Европската унија.

Сега е моментот за одговорни одлуки и Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија, објави денеска на Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни, наведе Вархеји во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија