ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.04.2022
Во Чешка се отвара висечки мост долг рекордни 721 метар
Автор: Goce Author

Недалеку од полската граница, лоциран во близина на чешкото одморалиште Долни Морава, висечкиот мост Skybridge ќе ја премости долината Млиничка и ќе биде долг 721 метар.

Фото: Zpravy z moravy

Мостот ќе биде вистинска атракција, самите фотиографии покажуваат дека нуди доживување и поглед кој остава без здив.

Рекордно долгиот висечки пешачки мост треба да биде отворен на северо-источниот дел на Чешка следниот месец и треба да им овозможи на планинарите кратенка низ облаците со неверојатен поглед помеѓу врвовите на планината Кралички Снежник.

Skybridge е долг 721 метар и ќе биде најдолгиот висечки пешачки мост во светот, кој се протега на 721 метар помеѓу два планински сртови.

Топ 5 дестинации за да ги поминете велигденските празници

Се наоѓа во близина на одморалиштето Долни Морава и ја премостува долината Млиничка на височина од 95 метри.

Мостот е изграден во близина на видиковецот Skywalk, платформа висока 55 метри од која може да се спушти тобоган од 100 метри.

Зимското спортско и пешачко одморалиште Долни Морава се наоѓа на околу 200 километри источно од Прага, блиску до полската граница.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија