
До 1 мај се продолжени правилата за патување во Грција. Тоа значи дека и понатаму е задолжителен сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19 или негативен резултат од ПЦР тест. Ова се мерките кои моментално важат за граѓаните на Македонија.

Photo by Spencer Davis on Unsplash
Новите мерки и правила се донесени од страна на министерството на Грција, но стапуваат на сила од 1 мај 2022 година.
Актуелните мерки ќе се променат од 1 мај, кога привремено, до 31 август се укинуваат сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, додека пак за правилата за патување во земјата, дополнително ќе се донесе одлука.
Сите информации за патување кон нашиот јужен сосед можат да се најдат на нивната веб страна.