ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.07.2023
Во Хрватска забранети настапи на пејачи од Србија
Автор: Goce Author

Српските пејачи стануваат непожелни во Хрватска, се откажуваат нивните закажани настапи на фестивали и концерти, по реакции на Татковинското движење.

Ова покажува дека случувањата на Балканот и крвавите војни кои се водеа во минатото не се забораваат баш лесно.

Откако Аца Лукас одржа концерт на островот Барбаринац кај Сплит, откажани се сите закажани концерти на регионалните уметници летово на тој остров.

Фото: Instagram Islandoflove,hr

„Ве известуваме дека ги откажуваме сите планирани концерти на музичари од регионот. Наша примарна цел ова лето беше да обезбедиме забава за сите гости од нашиот регион, но поради големите притисоци на политичка и национална основа, пред се оние во режија на „Татковинското движење“, принудени сме да ги откажеме сите споменати концерти.

Ние сме на мислење дека се користат почитувани ветерани во овие матни политички игри кои создаваат многу грда слика за сите нас како домаќини. Целта на овој проект е да се забавуваме, шириме пријателства и да ја промовираме Хрватска како дестинација која ги пречекува сите свои гости на ист начин, без разлика на потеклото, религијата или која било друга основа. Сакаме да им се заблагодариме на сите кои досега го посетија островот и беа дел од магичната забава“, напишаа организаторите на Инстаграм.

„Рамштајн“ не е добредојден во Берлин

Да потсетиме, откако беше објавено дека меѓу другите Аца Лукас, Харис Џиновиќ и Јелена Карлеуша ќе настапат на фестивалот „Островот на љубовта“ во Барбаринац, реагираа од здружението „Татковинско движење“.

Во Хрватска нема место за пејачи од земја која изврши агресија, велат од Татковинското движење

„Татковинското движење Каштела смета дека овој музички израз не припаѓа на нашето поднебје и дека мораме да ја зачуваме медитеранската и европската култура на која припаѓаме. Покрај домашните, фестивалот го посетуваат и бројни домашни и странски туристи. Музичките форми нашата реалност и социјална филозофија, а споменатите изведувачи припаѓаат на поинаков идентитет“, велат меѓу другото од ДП Каштелани, многу загрижени за ушите на странските туристи.

Фото: Instagram Islandoflove.hr

Тогаш здруженијата на ветерани испратија барање до Градот да се откажат концертите во Барбаринац. Прашуваа кој ги дозволил концертите на Јелена Карлеуша, Аца Лукас и Харис Џиновиќ, изведувач на српски турбофолк.

„Зошто се дозволени концертите на Јелена Карлеуша, Аца Лукас и Харис Џиновиќ, српски турбо фолк изведувачи? Ги навредувате чувствата на ветераните и на сите што ги загубија своите најблиски во Татковинската војна? 

Зошто не ги прашавте ветераните дали тоа ги навреди? Треба да ги прашате родителите на убиените дали се прашуваат за што загинале нивните деца? Дали младиот живот ти значи нешто?

Затоа, бараме откажување на концертите на горенаведените изведувачи, од земјата која изврши агресија врз Република Хрватска, во истата Хрватска, концертите на хрватскиот музичар и патриот Марко Перковиќ Томпсон и бардот на Хрватска музика Стјепан Џими Станиќ се откажани“, напишаа тие.

(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)