
Денеска од 17 часот започнува Светското првенство во фудбал кој е најскапо во историја и прво на Блискиот исток. Повеќе од една деценија, поголем дел од светот беше против Мундијал во Катар.

Фото:gol.mk
Од самиот избор во 2010 година, Светското првенство во Катар го следат многу обвинувања. Корупција, кршење на човекови права, смрт на илијадници работници кои ги градеа стадионите, лоши импровизирани услови за сместување на навивачи, проблеми на новинарите кои во живо го следат настанот, платени фанови… Катар како земја која што нема никаква фудбалска традиција, предизвика многу сомнежи во чесноста на одлуката на ФИФА.
Крунисаниот принц на Саудиска Арабија и претседателите на Египет и Алжир ќе ја покажат на дело арапската солидарност со емирот на Катар, со нивното присуство на отварањето. Натписот „Една љубов“ ќе се протегне на ленти кои ќе ги носат капитените на Данска и Германија на натпреварите во конзервативната муслиманска земја каде што се забранети истополовите врски.
Алкохолот ќе се служи само во во специјални зони за навивачите, додека на стадионите ќе биде строго забрането. Оваа организација го чинеше Катар 220 милијарди долари, а се очекува посета од 1,2 милиони посетители. Целото првенство ќе се игра на 8 стадиони, а на сите стадиони ќе има идеална температура.
Првиот натпревар ќе биде меѓу Катар и Еквадор. Мундијалската еуфорија со најголемиот фудбалски спектакл ќе трае до 18 декември.