
Сезоната на празници е огромен товар за личниот буџет, но во некои земји работодавците законски се обврзани да плаќаат бонуси, што може во голема мера да ги олесни трошоците.
Со цел да ги наградат вработените за нивниот труд во текот на годината, но и да помогнат во трошоците за одмор, работодавачите почнаа да исплаќаат дополнителна плата еднаква на месечната плата во декември. На пример, бонусот наречен 13-та плата сега стана законски услов во многу земји од Латинска Америка, каде што е познат како „агуиналдо“.

Photo by KOBU Agency on Unsplash
Европскиот пристап кон 13-та плата е сложен бидејќи политиките за наградување честопати се специфични за компанијата или индустријата.
Меѓутоа и покрај тоа, во Португалија, Шпанија, Грција и Италија, повеќето вработени имаат законски право на бонус за зимски одмор, генерално еднаков на една месечна плата.
Во Португалија ова важи и за вработените во јавниот и приватниот сектор, иако божиќниот бонус се нарекува бонус за 14-ти месец, а 13-тиот месец се однесува на задолжителната летна исплата.
Во Шпанија, работодавците на сличен начин се обврзани да плаќаат два дополнителни бонуси годишно, од кој еден за Божиќ. Времето на доделување на вториот бонус, како и износот на парите, се преговара во рамките на колективните договори.
Овие колективни договори за кои преговараат синдикатите и работодавачите, се писмени договори, но често имаат иста тежина како и законите за вработување.
Во Грција, многу работници добиваат законски божиќни и летни бонуси, но ситуацијата варира помеѓу јавниот и приватниот сектор. Во грчкиот приватен сектор работниците имаат право на задолжителна дополнителна плата за Божиќ, половина дополнителна плата за Велигден и половина дополнителна плата во лето. Во јавниот сектор, пак, работниците не ги добиваат овие бонуси од 2012 година, мерка воведена за поддршка на грчката економија по финансискиот крах.
Во Холандија постои додаток за одмор што им се дава на работниците во мај или јуни во износ од најмалку осум проценти од бруто годишната плата на работникот. Во Полска бонусите за 13-та и 14-та плата се вообичаени во приватниот сектор, но 13-та плата е законска обврска и за некои вработени во јавниот сектор, пишува Euronews.
Во Македонија не постои законска обврска за исплата на 13-та плата, но има додаток кој е наречен „регрес за годишен одмор“ или популарно к-15.
Од 1ви јули до 31ви декември трае законската обврска на работодавците од приватниот сектор за исплата на регрес за годишен одмор.
Право на регрес за годишен одмор имаат работниците од приватниот сектор под услов работникот да е во непрекинат работен однос кај работодавачот во период од најмалку 6 (шест) месеци во тек на календарската година.
Согласно одредбите на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, со измените на Законот за данок на добивка (“РСМ број 151/2021) даночно признаениот износ на регрес за годишен одмор e зголемен од 40% на 80% од просечната месечна бруто плата по работник во Република Северна Македонија, објавена до денот на исплатата.
Работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор дека можат да побараат интервенција од Државниот инспекторат за труд, или пак да поведат судска постапка за заштита на своите права.