ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.05.2022
Во Саудиска Арабија прв авионски лет со екипаж само од жени
Автор: Goce Author

Aвиокомпанија „Флајдил“ соопшти дека во Саудиска Арабија за прв пат извршила лкет со екипаж составен само од жени, што е прв случај во ултраконзервативната земја.

Екипажот е составен од седум членови, сите се жени од Саудиска Арабија, со исклучок на жената пилот за која не е откриено нејзиното државјанство.

Летот ги поврзува градот Ријад и крајбрежниот град Џед.

Управата за цивилна авијација на Саудиска Арабија, која ја потврди најавата на компанијата, промовираше проширување на улогите на жените во воздухопловниот сектор во последниве години.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија