ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.08.2022
Возење под алкохол – казна затвор до три години?
Автор: Goce Author

Министерството за правда предложи нов член со кој возењето под дејство на алкохол ќе биде казниво со парични казни или казна затвор до три години. Исто така како вакво кривично дело ќе се смета и доколку возачот е под дејство на дроги и психотропни супстанци, возењето во забранет правец, претекнувањето на колона возила на непрегледно место и возењето над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Возењето под дејство на алкохол со најмалку 1,50г/промили во крвта исто така е во предлог членот „Безобѕирно управување со моторно возило“. 

Предложените измени во членот 403 од Кривичниот законик, би можело да бидат усвоени до крајот на годината.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски, рекол дека Министерството за внатрешни работи апсолутно ги поздравува и поддржува најавените измени на Кривичниот законик со кои „безобѕирното возење” ќе стане кривично дело, а не како досега прекршок. Според МВР, во Анализа на состојби во сообраќајот на патиштата во изминатите десет години (2010-2019), постојано имаат кампањи со цел да се зголеми свесноста за штетноста на прекршувањето на правилата за возење.

На кои казни најмногу реагираат младите возачи?

Според Министерството за правда вакви промени на законот ќе резултираат со поголема безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на жртви.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026