
Министерството за правда предложи нов член со кој возењето под дејство на алкохол ќе биде казниво со парични казни или казна затвор до три години. Исто така како вакво кривично дело ќе се смета и доколку возачот е под дејство на дроги и психотропни супстанци, возењето во забранет правец, претекнувањето на колона возила на непрегледно место и возењето над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Возењето под дејство на алкохол со најмалку 1,50г/промили во крвта исто така е во предлог членот „Безобѕирно управување со моторно возило“.
Предложените измени во членот 403 од Кривичниот законик, би можело да бидат усвоени до крајот на годината.

Photo by Julian Hochgesang on Unsplash
Портпаролот на МВР Тони Ангеловски, рекол дека Министерството за внатрешни работи апсолутно ги поздравува и поддржува најавените измени на Кривичниот законик со кои „безобѕирното возење” ќе стане кривично дело, а не како досега прекршок. Според МВР, во Анализа на состојби во сообраќајот на патиштата во изминатите десет години (2010-2019), постојано имаат кампањи со цел да се зголеми свесноста за штетноста на прекршувањето на правилата за возење.
Според Министерството за правда вакви промени на законот ќе резултираат со поголема безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на жртви.