
Република Северна Македонија во моментов нема лоцирано закани по безбедноста на државата и на граѓаните. Институциите, службите, безбедносно – разузнавачката заедница будно ги следат случувањата во Израел и Украина, разменуваат информации и на национално ниво и во рамките на НАТО алијансата и соодветно се подотвуваат доколку се лоцира предизвик да се реагира, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска во Охрид каде имаше средба со припадниците на доброволните противпожарни друштва од земјава.

Map by Evan Centanni, incorporating base map by Koen Adams of onestopmap.com and data from B’Tselem’s interactive mapping project
Таа посочи дека секогаш кога се отвора нов конфликт низ светот, тој предизвикува одредени проблеми, пореметувања во постојаното функционирање на државите, независно дали е тој поблиску или подалеку.
– Што поскоро завршат воените дејствија, час поскоро може да се седне на маса и да се разговара за сите проблеми што ги поттикнале конфликтите. Знам дека многу од проблемите се тешки, причините за случувањата се проблематични, меѓутоа ништо не е повредно од човечките животи, рече таа, одговарајќи на новинарски прашања за безбедносната состојба во земјата и регионот по однос актуелните воени конфликти во Израел и војната во Украина.