ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.03.2022
„Вујко Вања“ со екстремно слично лого го заменува Мекдоналдс во Русија
Автор: Goce Author

Рускиот ланец на ресторани Вујко Вања кој е претставен како замена за Мекдоналдс во Русија наводно го открил своето лого кое е исклучително слично со познатото лого на Мекдоналдс, пренесува британски Телеграф.

Регистрација на заштитниот знак на франшизата Вујко Вања е поднесена минатата недела до руските власти. Мекдоналдс претходно најави дека ќе ги затвори своите 847 ресторани во Русија бидејќи глобалните брендови се соочуваат со притисок од страна на корисниците да се спротивстават на инвазијата на Русија врз Украина.

Новото лого на ланецот Вујко Вања очигледно е направено по примерот на кириличната буква „В“, а луѓе на социјалните мрежи реагираат дека тоа е многу слично со она на Мекдоналдс.

Градоначалникот на Москва рекол дека домашни ланци на ресторани би можеле да заменат 250 ресторани на Мекдоналдс во рок од една година.

Претходно и претседателот на државниот парламент Вјечислав Володин најавил дека Вујко Вања ќе треба да го замени Мекдоналдс.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија