
WhatsApp ќе воведе нова опција која долго ја посакуваа корисниците на оваа апликација, односно пренос на податоци. Mark Zuckerberg на Facebook објавил дека ќе воведе опција за пренос на податоци од Android на iPhone како историја на разговори, слики, видеа и гласовни пораки.

„Ова е една од најбараните опции. Минатата година воведовме можност за пренос на податоци од iPhone на Android, а сега ќе додаваме од Android на iPhone“ – напишал Zuckerberg во својот статус. Според WhatsApp, трансферот ќе работи само на фабрички поставки или нови iPhone телефони. Ова е истото ограничување што го има процесот при префрлање од iPhone на Android.
За да започнете, ќе треба да ја преземете и отворите апликацијата Премести во iOS на вашиот телефон со Android. Упатствата на екранот потоа ќе ве водат до кодот на вашиот iPhone. Со внесување на овој код на телефонот со Android, ќе треба да допрете „Продолжи“ и да ги следите упатствата. На екранот „Пренос на податоци“ ќе треба да изберете „WhatsApp“ и потоа да притиснете „Start“. WhatsApp потоа ќе подготви копија од вашите податоци и ќе го започне процесот на пренос од Android на iPhone.
Новата функција сега е во бета верзија и ќе стигне до сите корисници на апликацијата за околу една недела.