ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.01.2026
„Work and Travel“ и туристичките визи за САД продолжуваат нормално?
Автор: Goce Author

Иако на социјалните мрежи почнаа да кружат шпекулации за „блокада“ од Вашингтон, реалноста е поинаква: Студентските визи и патувањата за Светското првенство во фудбал на пример се на сигурно.

Ако летово планиравте да работите во САД преку „Work and Travel“ или да шетате низ Њујорк, можете слободно да продолжите со плановите. Одлуката на САД за привремена пауза се однесува исклучиво на иселеничките визи, а не на оние што најмногу ги засегаат младите.

Што всушност се случува?

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска ги расчисти дилемите кои ја вознемирија јавноста. Не станува збор за никаква „црна листа“ или прекин на односите, туку за техничка пауза на процесите за оние кои планираат трајно да се иселат во Америка.

„Ова не влијае на сите други постапки за издавање визи. Ако сте студент кој сака да студира во САД или да оди на ‘Work and Travel’, за вас нема никаква пречка“, појасни Муцунски.

Бизнис, фудбал и шетање – сè е „OK“

Оние кои веќе штедат за карти за Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во САД, не треба да се грижат за своите туристички апликации. Истото важи и за бизнис заедницата – стопанствениците ќе продолжат да аплицираат за визи без ограничувања.

Министерот најави позитивно изненадување во следните 6 месеци?

Она што е најинтересно за нас е најавата на Муцунски за следните шест месеци. Тој навести дека јавноста може „позитивно да се изненади“ од развојот на визната политика. Ова може да значи дека се работи на олеснување на процедурите кои се заглавени веќе 20 години.

Дали тоа значи дека наскоро ќе патуваме во САД само со пасош? Останува да видиме, но засега – куферите за „Work and Travel“ можат да почнат да се пакуваат.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија