
Апликацијата YouТube најавила нови измени, од кои најинтересната е дека ќе ги прикажува само најпопуларните делови од видеата.
Со тоа ќе им помогне на корисниците да ги погледнат само најдобрите делови од видеата, доколку немаат време за целото видео. Тоа е од голема корист кога сме во брзање,а видеата се долги. На видеата ќе се покаже графикон кој ќе ги покажува најинтересните и најгледаните делови од видеото.

Photo by: Unsplash
Компанијата навестила и тестирање за пронаоѓање на точниот момент од видеото кое корисникот сака да го види. Наместо слика, на побараното видео ќе се прикажува најинтересниот дел. Оваа опција веројатно ќе биде достапна само за корисниците на Premium.