ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.07.2023
YouTube ќе оневозможува блокирање на реклами
Автор: Goce Author

YOUTUBE бара начини за поагресивна борба против гледачите кои користат блокатори на реклами додека гледаат видеа на платформата.

Image by Freepik

Корисниците на YouTube забележаа предупредување дека репродукцијата на видеото ќе биде блокирана по три видеа. Во предупредувањето се наведува дека YouTube ќе ги спречи да продолжат да гледаат видеа на платформата, освен ако не го оневозможат својот блокатор на реклами или не ја додадат веб-страницата на нивната „бела листа“.

„Рекламите му овозможуваат на YouTube да остане бесплатен за милијарди корисници ширум светот“, се вели во известувањето. Исто така, YouTube ги „советува“ корисниците да изберат претплата на YouTube Premium за да ги избегнат рекламите, во тој случај „креаторите сепак би добивале плата за она што го работат“.

Пред овие предупредувања, YouTube прикажуваше само известувања за скокачки прозорци на корисниците на блокирачите на реклами, потсетувајќи ги дека тоа ги прекршило условите за користење. Новите предупредувања се „дел од мал експеримент што YouTube го спроведува на глобално ниво“, кој бара од корисниците да ги исклучат блокаторите на реклами и да дозволат рекламите да се прикажуваат на платформата или да се претплатат на YouTube Premium.

YouTube ги брише коментарите со навредлива содржина

Доколку корисниците упорно го користат блокирачот, YouTube би можел да ги спречи да го гледаат видеото. Во моментов новите мерки се применуваат за мал број корисници. YouTube најголемиот дел од приходите ги добива од реклами, а падот е забележан во трите претходни квартали, па нема да биде изненадување доколку новите мерки се применат на повеќе корисници ширум светот.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија