ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.11.2021
За да ги гледате европските фудбалски великани во живо – потребно мало богатство!!!

Фото: FC Barcelona

Сонот на секој вљубеник во фудбалот е во живо да проследи голем фудбалски натпревар на некој од големите и легендарни фудбалски стадиони во Европа – Камп Ноу, Алианц арена, Сантјаго Бернабе, Стемфорд Бриџ…. И секако, тоа задоволство чини навистина многу за наши услови, понекогаш под предуслов да можете да дојдете воопшто до можноста да дојдете до билет за позначајните натпревари, и тоа со месеци однапред. Дека навистина има огромни цени за влезница за големите европски натпревари, е вистина, и на оние кои сакаат сепак да ги видат Интер, Баерн, Сити, Јунајтед, Ливерпул, Реал, Барса во живо, како најповолна варијанта им е кога тие играат со некои послаби екипи од нивните домашни првенства, кога цените се барем малку поприфатливи.

Фото: amazon

Кога станува збор за понудата на услови под кои може да се следат натпреварите, фудбалските великани веќе нудат и супер луксузни пакети, кои, за да може да си ги дозволи македонски навивач, ќе мора да земе кредит! Така на пример, Челзи за наредната сезона ја отвора обновената западна трибина, каде сега влезница ќе чини неверојатни 4600 евра! Досега, цената беше околу 1500 евра… Од клубот, ова зголемување за наредната сезона се оправдува со тоа што биле подобрени условите – барови, понуда на храна, големи екрани за следење на натпреварите, подобра wi-fi услуга како и седишта со перници. Инаку, кога станува збор за стандардните места на стадионот, не овие ексклузивните, Челзи пак држи високо ниво, зависно од противникот. Така  на пример, за натпревар од премиер лигата против Евертон, влезниците чинат од 90 до 400-500 евра, за дуелот со Манчестер Јунајтед од 500 до 1000 евра, а слични се и за пресметката со Јувентус во Лигата на шампиони.

Од останатите премиерлигаши, Арсенал на пример можете да го гледате со Манчестер Сити или Ливерпул за цени од 250 до над 1000 евра, а за со Манчестер Јунајтед цените одат и до 1600 евра.

Интересно, Манчестер Јунајтед е некако поприфатлив – за домашен дуел со Арсенал цената на билетите е од 120 до 500 евра, со Кристал Палас од 74 до 360 евра.

Богатиот Сити е богат и заради цените на билетите, и очекувано, за домашното првенство има цени зависни од противникот – за Јунајтед цената е од 300 до 700 евра, за Евертон од 70 до 200, а за Лигата на шампиони, за ПСЖ , цените се од 200 па до фантастичните речиси 3000 евра.

Фото: alianz arena

Ако се бара рекордер за Лигата на шамипни, тоа засега по се иозгледа е дуелот на Баерн Минхен и Барселона. Билетите за овој натпревар се движат од најефтините 250 евра, преку средните околу 1200 – 1900 евра, до неверојатните цени од 4000 евра за најексклузивните места на Алианц арената! За домашните натпревари, во Бундес лигата, очекувано, рекордни се цените се пресметката со Борусија Дортмунд – најниската цена е 320 евра, потоа има од 600, 2500, па до 3500 евра. Ако ви е сеедно со кого ќе ги гледате Левандовски и компанија, можете поефтино да си поминете на пример на дуелот Баерн – Гројтер Фирт – цените на билетите се од 100 до 800 евра.

Борусија Дортмунд исто има различни цени во зависност од противникот – за натпревар со Штутгарт, навивачите треба да издвојат од 30 до 400 евра, но за дербито со Баерн Минхен, најниската цена е 170 евра, па потоа преку 300, 400, 950, 1500, па се до 2000 евра.

Фото; eurosport

Во Италија слична слика – прифатливи цени за наетрактивни средби, и боли глава за атрактивните и оние од Лига шампиони. Милан на пример, против Ливерпул, можете да го гледате за цени од 110, 150, 900, 1200 и 1400 евра, а за Рома во Серија А, цените започнуваат од 50 па до 350 евра. Цените се повисоки за дерби со Јувентус, па се движат од 90 до 900 евра. „Малку“ поефтино е ако сакате Милан да го гледате со Специја – цените се само од 25 до 260 евра.

Кога ќе дојде ред за дербито Интер – Милан, билетите се како вистинско богатство – достигнуваат и до 1500 евра, а најниските, кои и први се распродаваат се околу 150 евра.  Меѓу великанте од Италија со попристапни цени е Рома – „волчицата“ за дерби со Интер или Лацио можете да ја гледате за билети со цена од 100 до 500 евра.

ПСЖ во Франција и покрај реномето на пребогат клуб, има цени на билетите значително пониски во однос на други европски  великани – високи се цените на пример за Марсеј – од 145 до 445 евра, а за дуел со реимс се од 95 до 245 евра.

Фото:Real Madrid CF

Тешко дека има навивач кој не сонува да проследи едно „ел класико“! Тоа е натпревар кој се вбројува меѓу најгледаните на тв, а и најпосакувани за да се гледаат во живо. Првото наредно Ел класико помеѓу Реал Мадрид и Барселона  (во првенството на Шпанија), ни доаѓа на 20 март, а цените на билетите доаѓаат до максимални 2000 евра. Другите места чинат од 250, 500, 700, 1800 евра. За разлика од овој дуел, за средбата на Реал со Билбао, билетите се со цена од 55 до 700 евра.

Слични се и цените на Барселона за домашното порвенство – за да ја гледате со Кадиз, ќе треба да издвоите од 70 до 600 евра, со градскиот ривал Еспањол нешто повеќе – цените достигнуваат и до 500 евра.

 

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија