ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.11.2021
За да се пласираме на Катар 2022, треба да ги победиме Италија и Португалија – на гости!

Немилосрден беше жребот за бараж дуелите за настап на Светското фудбалско првенство во Катар идната година – репрезентативците на Македонија во првиот, полуфинален бараж дуел ќе се сретнат со Италија на гости, а ако направат сензација и и го елиминираат актуелниот европски првак, ќе треба да играат со победникот од дуелот Португалија – Турција. Тоа значи дека Македонија се најде во групата со двата последни европски фудбалски шампиони, што само по себе говори дека жребот ни беше голем непријател! Фудбалската репрезентација на Македонија ќе и гостува на Италија во полуфиналниот бараж на 24 или 25 март 2022 година. Финалето се игра пет дена подоцна, на 28 или 29 март. За да биде малерот уште поголем, дури и да ја минеме Италија, во финалниот дуел домакин ќе биде подобриот од прсеметката на Португалија и Турција.

Во останатите бараж дуели, играат Шкотска – Украина и Велс – Австрија, како и Русија – Полска и Шведска – Чешка.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија