
Дубаи е град кој незапирливо расте и е една од најпопуларните дестинации на планетата.
Го краси луксуз, прекрасна архитектура, луксузни хотели, но пред да одите таму, дефинитивно треба да ги имате на ум следниве работи… Понекогаш се добива впечаток дека една таква дестинација е привилегија само на енормно богатите, но, за среќа, не е така.
Со оглед на тоа дека е една од најпопуларните дестинации за одмор на Блискиот Исток, а во последните години и една од најпопуларните во светот, погрижете се да обезбедите сместување на време. Најпопуларните месеци се од октомври до април, кога повеќето туристи пристигнуваат во Дубаи во голем број. Тоа значи дека сè, од хотели, тури и ресторани – треба да се резервира, особено хотелите. За да избегнете поскапување, се препорачува да резервирате хотели 2-3 месеци однапред.
Иако градот е познат како едно од најлуксузните места на светот, не мора да сте милионер за да го посетите. Овде можете да уживате со ограничен буџет и да најдете поевтино сместување. Таксистите и метрото се доста погодни па нема потреба да се грижите за превозот, а на секој чекор ве чека евтина вкусна храна од целиот свет. Дополнително, пазарењето е добредојдено, па и овде ќе заштедите пари.
Дубаи може да се пофали со некои од најдобрите барови и клубови во светот, а повеќето се преполни во четврток и петок навечер. Во градот има бројни барови и клубови; сепак, најверојатно ќе ги најдете во хотелите поради законските одредби. Појдете облечени во вашата најдобра облека, бидејќи во спротивно нема да можете да влезете. Ако планирате да пиете во некој од клубовите, задолжително земете такси назад во хотелот бидејќи ОАЕ имаат многу строг пристап на нулта толеранција за пиење и возење.
Дубаи можеби има се што можете да замислите кога е одморот во прашање, но не заборавајте да погледнете некои од знаменитостите на градот. Прошетајте низ стариот град, дом на традиционални продавници и автентични културни искуства. Откријте го блискиот планински град Хата, каде што ќе се вратите во минатото. Цитадели, утврдувања и кули стари неколку века ќе ве опкружуваат во Хата. Исто така, важно е да се посети новоотворениот археолошки музеј Сарук Ал-Хадид, кој содржи артефакти и интерактивни прикази на историјата на Блискиот Исток.
Заборавете на бранч во Њујорк, бидејќи нема подобар град за уживање во комбинација на појадок и ручек од Дубаи. Бранчот овде е „света“ работа, а најбогатите и најлуксузните можете да ги најдете во петок („нашата“ сабота), кога паѓа првиот ден од викендот. Можат да траат со часови и да бидат придружени со диџеј музика, а она што дефинитивно треба да го запомните е дека е добро да ги резервирате однапред.
Дотогаш, уживајте во погледот од дрон.