ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.11.2022
Забрана за рејв забави во Италија?
Автор: Goce Author

Новата италијанска крајнодесничарска влада предводена од Џорџа Мелони вели дека ќе воведе правила за криминализирање на организацијата на непријавени рејв забави. Оваа најава доаѓа само неколку часа откако еден таков собир на членови на партијата беше прекинат во северна Италија.

Имено, во понеделникот многу посетители се собраа во Модена на рејв забава која не беше регистрирана. Во напуштениот магацин се слушала музика за Ноќта на вештерките, а наводно се појавиле илјадници луѓе кои биле поканети преку социјалните мрежи. Освен од Италија, посетители имаше и од Белгија и Франција.

Мештаните се пожалија на 48-часовната силна музика, па гостите го напуштија рејвот, иако планираа да останат до вторник. Премиерката Мелони смета дека усвојувањето законски измени со кои ќе се забрани овој тип на непријавени забави нема да биде карактеристика само на Италија, бидејќи слични правила веќе постојат и на други места во Европа.

„Тоа само ќе значи дека повеќе нема да заостануваме во следењето на правилата“, додаде таа.

Инаку, претходната влада веќе почна да работи на измени на законот по масовниот рејв организиран минатата година во градот Витербо. Митингот заврши со двајца загинати. Сега новата влада сака да ги заостри казните за организаторит. Се планира и одземање на звучниците, односно целиот музички систем.

Маршови во Италија: „Мое тело – мој избор“

Заедно со оваа најава, критичарите на новата италијанска влада се прашуваат зошто ги напаѓа младите луѓе кои се забавуваат на рејв забави, додека замижува пред фашистичкиот марш во кој имаше околу 2.000 црнокошулаши кои го поддржуваат воениот диктатор Бенито Мусолини. Тој митинг се одржа во родниот град на Мусолини, Предапио за време на викендот. Фашистичките поздрави го одбележаа неговиот марш кон Рим и почетокот на фашистичкото владеење пред 100 години.

(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)