
Закон за експлицитна согласност за секс се носи во Шпанија. Недговата примена е одложена, поради промени во текстот.

Фото: Amnesty international
Новиот шпански закон, кој бара експлицитна согласност пред да има секс, сè уште нема да се применува. Сенатот побара мала промена на текстот во преамбулата и го врати назад во Парламентот.
Законот требаше да биде усвоен во Сенатот, но една мала партија доби поддршка за нејзиното барање за промена на текстот, пренесува АП.
За ова решението долго време се залагала шпанската коалициска влада предводена од социјалистите. Причина била бесот поради групното силување што ја шокираше земјата за време на одржувањето на фестивалот на бикови во Памплона во 2016 година.
АП наведува дека првично судот ги прогласил петтемина обвинети во случајот познат како „Ла Манада“ (The Pack) за виновни за сексуална злоупотреба, но не и за силување. Одлуката е бидејќи не било докажано дека онесвестената жртва се противела на она што се случува.
Сексуално вознемирување – сива зона и во законите и во менталитетот
Се додава дека според новиот закон, молчењето или пасивноста нема да се сметаат за показатели за консензуален секс. Со одредбите, ќе се бара експлицитно изразување на согласност на партнерот.
Пратениците од конзервативната Народна партија, која е главната опозициска партија, и екстремно десничарската партија Вокс беа против законот.
Првичните пресуди во случајот Сан Фермин предизвикаа протести низ целата земја. Исто така, има и повици земјата да им се придружи на другите земји во Европа во правното дефинирање на силувањето како секс без согласност.