ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.05.2022
Започна 59. издание на ДАФ Кочани

Синоќа во Кочани започна 59. издание на ДАФ (Драмскиот аматерски фестивал), на кој ќе настапат девет домашни и три театарски групи од Република Србија.

Пред свеченотo отворање, членовите на Управниот одбор на ДАФ nа прес-конференција одржана пред свеченото отворање, истакнаа дека се свесни дека уметноста е подолга од просечен човечки живот, поради што целта на манифестацијата е да се прикажат уметнички остварувања што долго ќе се паметат и за кои ќе се зборува.

– „Веќе 45 години Кочани е домаќин на овој фестивал и ние како организатори се потрудивме да ги надминеме сите предизвици пред нас. На конкурсот за учество беа пријавени 16 претстави, од кои селекторот Благој Веселинов одбра 12, а три се од странство. Покрај тоа, ќе има и неколку придружни содржини, како што се концерти, саем на книги, ликовна изложба и книжевна промоција“ – изјави Кристина Атанасова Арсова, претседателка на Управниот одбор на ДАФ.

ДАФ започна со „Самоубиство во одбарна“ на алтернативната театарска група „Отпишани“

Фестивалот беше отворен со претставата „Самоубиство во одбрана“ по текст на Марјан Ангеловски, а во изведба на алтернатнивната театарска група „Отпишани“.

„Весело Штурче“ се враќа во Штип

Покрај театарските претстави, фестивалот ќе понуди и други содржини. Како придружна содржина, на 29 мај ќе се одржи првиот Интернационален фестивал на музичка публицистика, чиј организатор е Македонскиот музички архив.

„ Се работи за пилот проект со кој сакаме да ја збогатиме културната понуда и да направиме уште една манифестација со која Кочани ќе добие нови културни содржини. Тоа е настан што го иницираме за прв пат, со цел во иднина да донесе голем број промоции, претставување на музички книжевни изданија што се рецентни. Тоа особено се однесува на домашната публицистичка продукција која во последните неколку години е забревтана, па ние смисливме како да ги претставиме нашите публицисти, но и гостите од странство“ – истакна Тошо Филиповски од Македонскиот музички архив. Поддршка за реализацијата на Драмскиот аматерски фестивал и годинава е обезбедена од Министерството за култура и од Општина Кочани.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026