
Заштитните маски најверојатно ќе станат вообичаен дел од секое патување со авион. Иако границите се отвораат и условите за влез се олеснуваат, експертите велат дека патниците во авионот ќе носат маски уште некое време.

Photo by Lukas Souza on Unsplash
Бројни медицински експерти изјавуваат дека иако нивните софистицирани системи за филтрирање на воздухот ги прават патничките авиони едно од најбезбедните јавни места на кои може да се најде човек, маските за лице остануваат последната линија на одбрана од инфекција.
„Примарната цел на маската е да ги заштити луѓето околу вас од вас, но исто така и вам ви дава заштита“, вели д-р Паоло Алвес, медицински директор за MedAire, кој обезбедува медицински и безбедносни совети за авиоиндустријата.
Инаку, нес е ретки случаите кога настануваат инциденти и недоразбирања на летовите, токму поради тоа што некои патници одбиваат да носат маски.
Една од многуте авиокомпании што ќе продолжат да бараат маски е ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair, која предупреди дека маските за лице ќе останат задолжителни на летовите во наредните години, бидејќи нивните шефови инсистираат дека тоа е мала цена за да се избегне враќање на патните ограничувања предизвикани од Ковид 19.
Нил Сорахан од Рајанер ја спореди сегашната потреба за носење маска за лице со ограничувањата за внесување течности во авионите по терористичките напади на Соединетите држави во 2001 година. Овие мерки станаа секојдневие и нема шанси некогаш да бидат укинати, а секој што патувал со авион во последните години, знае дека покрај размислувањето за багажот, куферите, поднапред размислува и за тоа дејка не смее да внесе шише со вода, храна и слично.
„Маските ќе ни бидат уште некое време. Ако тоа е цената што треба да ја платиме за следните неколку месеци, до лето, тоа е мала цена. Слично беше и по 11 септември, кога раскрстивме со тоалетни производи во пластични кеси , и „Сега можеби ќе треба да живееме со маска некое време“, рече Сорахан, цитиран од Телеграф.