ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.03.2023
Завршен настан на Media for all во Тирана

Во Тирана, Албанија, се одржува завршниот настан од програмата Media for all на British Council, од која во последните три години дел се и Универзитетските медиуми заедно со goce.mk.

 

Учесниците во повеќето сегменти од оваа програма во двата дена предвидени за овој завршен настан дебатираат и разменуваат мислења на повеќе теми. Денес, на првиуот ден, во фокусот се Dискурсите на дигиталните дезинформации, Мета алгоритмите на Фејсбук и Инстаграм од аспект на дистрибуцијата на содржини на социјалните мрежи, како и Тик Ток во функција на медиумските содржини наменети за младите.

На вториот ден, освен за дезинформациите на родово сензитивни теми, простор ќе биде посветен и на делот од програмата Media for all во кој беше промовирано менторството во функција на развој на младите новинари од регионот.

Goce.mk учествуваше во сегментот од оваа програма, наменет за медиумите за млади, наречен Media for youth. Објавени се повеќе стории на теми од интерес за младите, а соработниците на goce.mk имаа можност да учествуваат на серија обуки за нивно професионално усовршување.

Инаку, во рамките на оваа програма, која е најголемото инвестирање на Обединетото Кралство во медиумите во Западен Балкан, учествуваа 139 независни локални медиуми од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово. Вклучени се повеќе од 1600 медиумски професионалци, од нив над 1100 жени. Во менторскиот дел се ангажирани 150 професионалци,  а над 41.000 граѓани на свој начин биле дел од приказните кои биле третирани на овие медиуми.

Програмата Media for all  на British council оваа фаза ја заокружува со конференцијата во Тирана, насловенa Indepependent Journalism Matters.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија