ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.08.2022
Земја со најмалку туристи – годишно само 150!
Автор: Goce Author

Само 150 туристи годишно ја посетуваат Екваторијална Гвинеја – земја негативен туристички рекордер! До неа се Науру со 200 и Сомалоија со 400 туристи годишно.

Image by benzoix on Freepik

Кога се зборува за туризмот, најчесто се споменуваат листи на најпосетувани земји во светот. Но, кои земји се најмалку посетени?

Ако се следат статистичките податоци, околу 30 отсто од меѓународните патувања се одвиваат во пет земји, а тоа се најпосетуваните земји во светот. Претежно се одвива во земји кои со децении се на мапите на туристите, а некои од нив сме ги посетиле речиси барем еднаш во животот. Сепак, останува прашањето кои се најнепосетените земји во светот.

Третина од меѓународните патувања се одвиваат во пет земји во светот. Тоа се Франција со 90 милиони туристички посети, Шпанија со 83,7 милиони, САД со 79,3 милиони, Кина со 65,7 милиони и Италија со 64,5 милиони посети.

Сепак, за разлика од нив, има и земји кои се или малку или не посетени од туристи.

На прво место е Екваторијална Гвинеја, која годишно ја посетуваат само околу 150 туристи.

Втора е Науру, островска земја во Микронезија која годишно ја посетуваат околу 200 туристи.

Трета е Сомалија со 400 туристички посети годишно.

Државата Мали имала само 102 посети од турсити во 2016

Оваа листа е предмет на промена секоја година и никогаш не е конечна. На пример, земјата Мали ја посетиле само 102 туристи во 2016 година, кога била најнепосетувана земја во светот. Тоа зависи и од глобалните околности во светот, војните, економските и други околности кои влијаат на тоа дали туристите ќе одлучат да посетат одредена земја.

Црна Гора номинирана за најпосакувана европска дестинација

Листата со најнепосетени земји во светот изгледа вака, првите три места се наведени погоре:

 

  1. Тувалу – 1.400
  2. Маршалските Острови – 4.600
  3. Молдавија – 11.000
  4. Северна Кореја – 15.000
  5. Соломонски Острови – 20.000
  6. Мавританија, Авганистан и Гвинеја-Бисао – 30.000
  7. Гвинеја дели со Сао Томе и Принципе – 33.000
  8. Федерални држави на Микронезија – 35.000
  9. Федерални држави на Микронезија – 35.000
  10. Комори – 37.000
  11. Сиера Леоне – 44.000 Либерија – 45.500
  1. Кралство Тонга – 50.000
  2. Лихтенштајн – 54.000
  3. Источен Тимор – 60.000

   19. Џибути – 71.000 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија