
Само 150 туристи годишно ја посетуваат Екваторијална Гвинеја – земја негативен туристички рекордер! До неа се Науру со 200 и Сомалоија со 400 туристи годишно.

Image by benzoix on Freepik
Кога се зборува за туризмот, најчесто се споменуваат листи на најпосетувани земји во светот. Но, кои земји се најмалку посетени?
Ако се следат статистичките податоци, околу 30 отсто од меѓународните патувања се одвиваат во пет земји, а тоа се најпосетуваните земји во светот. Претежно се одвива во земји кои со децении се на мапите на туристите, а некои од нив сме ги посетиле речиси барем еднаш во животот. Сепак, останува прашањето кои се најнепосетените земји во светот.
Третина од меѓународните патувања се одвиваат во пет земји во светот. Тоа се Франција со 90 милиони туристички посети, Шпанија со 83,7 милиони, САД со 79,3 милиони, Кина со 65,7 милиони и Италија со 64,5 милиони посети.
Сепак, за разлика од нив, има и земји кои се или малку или не посетени од туристи.
На прво место е Екваторијална Гвинеја, која годишно ја посетуваат само околу 150 туристи.
Втора е Науру, островска земја во Микронезија која годишно ја посетуваат околу 200 туристи.
Трета е Сомалија со 400 туристички посети годишно.
Оваа листа е предмет на промена секоја година и никогаш не е конечна. На пример, земјата Мали ја посетиле само 102 туристи во 2016 година, кога била најнепосетувана земја во светот. Тоа зависи и од глобалните околности во светот, војните, економските и други околности кои влијаат на тоа дали туристите ќе одлучат да посетат одредена земја.
Листата со најнепосетени земји во светот изгледа вака, првите три места се наведени погоре:
19. Џибути – 71.000