
Жените ширум Иран ја сечат косата во знак на протест по смртта на Махса Амини, 22-годишната девојка која беше уапсена од иранската полиција за морал, бидејќи не носеше хиџаб.

Фото: instagram mahsaaminiofficial
Службениците за морал ги имаат сите овластувања на агенцијата за спроведување на законот. Имаат задача да ги спроведуваат строгите правила за облекување во земјата за жените. Ова вклучува и носење хиџаб во јавност за покривање на косата и вратот.
Махса Амини била однесена во притворен центар за да биде информирана за хиџабот, соопшти полицијата во Техеран, според Си-Ен-Ен.
Но, додека била во притвор, Амини колабирала и била пренесена во болница, каде подоцна починала. Локалната полиција тврдеше дека доживеала срцев удар, додека нејзиното семејство изјави дека нема срцева болест. Сведоците ги обвинија полицајците дека ја претепале, пренесува Би-би-си.
За време на прес-конференцијата во понеделникот, командантот на полицијата во Голем Техеран, Хосеин Рахими, ги негираше тврдењата дека иранската полиција и наштетила на Амина на каков било начин и рече дека „се направило“ за да се одржи во живот несреќното девојче. Нејзината смрт ја нарече „несреќна“.
Од смртта на Амини, протести избија низ Иран, при што жените ѝ пркосат на полицијата на моралот. Протестите се со сечење на косата, симнување и палење на нивните хиџаби во јавност и облекување како мажи за да се борат против полицијата.
@witch91a #mahsaamini #mahsa_amini #iranprotests2022 #iran #iraniantiktok #rasht #hijab #gilan ♬ original sound – Miss all Sunday
На видеата на социјалните мрежи се гледа како жени трчаат низ улиците на Техеран, како и во поконзервативните градови, упорно протестираат и извикуваат: „Жени, живот, слобода“.
Некои дури палат и уништуваат постери со слики на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Во меѓувреме, прекините на интернетот исто така се документирани во земјата од петокот. Оваа тактика локалната власт ја користеше претходно за да го намали ширењето на протестите.
Смртта на Амини доаѓа во време на растечка контроверзност и отфрлање на кодексот на облекување за жените. Тој важи од деветгодишна возраст и се однесува на граѓаните од сите националности и религии кои живеат во земјата, а не само за иранските муслимани.
Ова започна долго пред формирањето на сегашната Исламска Република. Во 1936 година, Реза Шах, владетел кој ги поддржуваше западните закони и идеали, се обиде да ја модернизира земјата со забрана на превези и шамии, но многу жени се спротивставија. Потоа, во 1979 година, исламскиот режим што следеше го наметна носењето хиџаб. Правилото беше запишано во закон во 1983 година, по што беше формирана полиција за морал.
@m0rrigu Replying to @urfavlivwow please support @masih alinejad and stand in solidarity with #iran #justiceformahsa #mahsaamini ♬ Violin – Grooving Gecko