ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.06.2023
Жестоки реакции за враќањето на „Титаник“ на „Нетфликс“
Автор: Goce Author

„Нетфликс“ одлучи да го врати „Титаник“ на својата понуда од 1 јули, две недели откако подморницата „Титан“ експлодираше на пат кон потонатиот брод и однесе пет животи со себе.

Веста за враќањето на блокбастерот на Џејмс Камерон во понудата на „Нетфликс“ предизвика жестока дискусија на социјалните мрежи, најмногу поради тајмингот.  Се алудира дека не треба да се користи трагедијата во која загинаа пет лица за да се направи профит.

Иако враќањето на Титаник на репертоарот е сигурен и профитабилен потег за Нетфликс, бидејќи филмот сигурно ќе добие популарност поради трагедијата, многумина ја доведуваат во прашање соодветноста на таквиот потег.

Оскаровецот Камерон: Веднаш знаев дека Титан е загубен

Она кога „Нетфликс“ не може да чека ни момент“, е еден од коментарите, додека други го нарекуваат потегот морбиден и бесчувствителен.

Канадските и американските власти покренаа истрага за трагедијата што ја снајде подморницата „Титан“.

(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)