
„Нетфликс“ одлучи да го врати „Титаник“ на својата понуда од 1 јули, две недели откако подморницата „Титан“ експлодираше на пат кон потонатиот брод и однесе пет животи со себе.

Веста за враќањето на блокбастерот на Џејмс Камерон во понудата на „Нетфликс“ предизвика жестока дискусија на социјалните мрежи, најмногу поради тајмингот. Се алудира дека не треба да се користи трагедијата во која загинаа пет лица за да се направи профит.
Иако враќањето на Титаник на репертоарот е сигурен и профитабилен потег за Нетфликс, бидејќи филмот сигурно ќе добие популарност поради трагедијата, многумина ја доведуваат во прашање соодветноста на таквиот потег.
Она кога „Нетфликс“ не може да чека ни момент“, е еден од коментарите, додека други го нарекуваат потегот морбиден и бесчувствителен.
Канадските и американските власти покренаа истрага за трагедијата што ја снајде подморницата „Титан“.