ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.08.2021
Дрон ќе ве обезбедува по дома или ќе ве гледа по дома?

Официјално именуван како Активна домашна камера, камерата на RING е закачена на мал дрон кој е наменет за внатрешноста на вашиот дом. Функционира така што ќе морате да му одредите пат на дронот кој ќе лета внатре по собите по ваша одредена патека, по одредени временски интервали или накратко објаснето, ќе морате да го навиете дронот да лета по собите и да снима што се случува без да се замарате секој ден со него.

Дронот е направен на начин да не крева премногу врева кога кога надлетува по дома, тоа е за да ги сними крадците, доколку ги има, без да го забележат.

Сигурноста од оваа подвижна камера камера ќе ве чини $249 долари месечно и вашата приватност, секако. Но ако имате веќе Alexa или Google Home уред по дома секако приватноста не ви е приоритет.

„РИНГ ДРОНОТ Е ВСУШНОСТ

ЕДНА АВТОНОМНА КАМЕРА

КОЈА ЛЕТА ПО ДОМОТ И НАДГЛЕДУВА“

Летечката камера е опремена со повеќе леќи за квалитетно снимање и тивок пропелер за автономно патролирање. Можете и активно да ја контролирате со вашиот телефон во случаите кога мислите дека сте ја заборавиле пеглата вклучена, шпоретот, прозорците, како и другите електрични уреди поради кои се враќате по повеќе пати пред да излезете од дома.

Од RING велат дека летечката камера ја чува вашата приватност со тоа што е така дизајнирана да камерите и микрофоните не се вклучени кога вие не сакате да бидат, исто така и камерата е скриена во лежиштето или платформата од која се активира.

Гледано од друга страна:

Сето ова почнува да личи на една иднина во која влегуваме, каде што сами си купуваме опрема за надгледување и слушање на секој наш збор по дома (каде што треба да сме најслободни). Можеби наликува на извадок од книгата на Орвел каде што големиот брат, односно вештачката интелигенција, ќе ни ги знае сите желби и ќе се однесува соодветно.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија