

Основачот на Blue Origin и Amazon, Џеф Безос стана вториот милијардер што одлета до работ на вселената и направи салто со микрогравитација, десет дена откако Ричард Брансон и неговиот вселенски авион Вирџин Галактик се издигнаа од Ново Мексико. Патувањата го направија јули 2021 историски месец во областа на вселенските летови, инспирирајќи најразлични чувства -од чудење до стравопочит. Но, можеби дури и почеста реакција превртување очи, придружено со коментари за непристојно, безобразно богатство или его, или уште полоши реакции во насока на можностите на богатите луѓе.
После неколку години гледање како Безос, Илон Маск , Бренсон и Спејс Икс се обидуваат да ги прошират своите империи кон и во вселената, цинизмот со превртување очи и чудење што може некој да си дозволи ако има многу пари можеби е и фер, но сепак покренува многу прашања. Спектаклот на вселенската трка на милијардерите фрла светлина на тажната вистина за нашата иднина во вселената како вид: Ја изгубивме контролата над сопствената судбина во космосот.
Пред повеќе од пет години, букмејкерите во Лас Вегас им даваа на Илон Маск и Спејс Икс 5 спрема 1 шанса да бидат првите што ќе однесат луѓе на Марс. Шансите на НАСА да биде прва беа 80 спрема 1. Во тоа време многумина мислеа дека ова е малку глупаво со оглед на тоа што НАСА веќе однесе луѓе на Месечината, а Спејс Икс беше на самите почетоци.
Половина деценија подоцна, тие шанси изгледаат многу реални: SpaceX веќе лансира и слетува прототипи на својата ракета „Марс“, додека сеуште го чекаме долго одлаганото промовирање и профункционирање на системот за вселенски лансирања на НАСА, наменет за мисии на Месечината и пошироко.
Згора на тоа, просечна личност е многу поверојатно да знае што прават Илон Маск и Спејс Икс и Џеф Безос и Blue origin во вселената отколку што луѓето знаат за плановите на НАСА за Месечината, Марс или пак за Спејс телескопот на Џејмс Веб .
Вината за овој диспаритет во вниманието паѓа потполно на рамениците на луѓето од медиумите на НАСА. Не помага тоа што агенцијата е во милост и немилост на еден политички систем кој обезбедува не само негово финансирање, туку и свое влијание во раководењето. НАСА и останатоте институции го имаат товарот на администрација, влијание од државата, и затоа медиумите секако многу повеќе простор одвојуваат за личностите како Безос, Брансон, Маск и нивните мултимијардерски компании.
Затоа, не е изненадување што претприемачи како Маск и Безос успеаја да го пополнат и искористат јазот што го остави старата и неефикасна институција НАСА, и ја искористија можноста да изградат подобра ракета и да направат посмела визија за иднината.
И тука лежи вистинскиот проблем. Големата амбиција на Маск да го насели Марс и планот на Безос да ја пресели индустријата и можеби да има некои слатки нови луксузни апартмани во орбитата, се незамисливи за обичната популација на земјата, кои се замислени првенствено според каприците на само двајца мажи.
Замислете го ова. Шансите кои пред десетина години изгледале така мали, сега се чинат прилично реални, и многу е вројатно дека кога првиот претставник на нашата цивилизација ќе стапне на друга планета, тоа ќе биде само затоа што Маск одлучил да го стори тоа.
Во јавноста се почести се коментарите дека милијардерите безпотребно трошат многу пари на пат во вселената, кога имаме толку многу проблеми на Земјата, но има многу луѓе кои сметаат дека тие коментари, кои имаат акцент на парите, на милијардите, ја промашуваат поентата. Според нив, она што треба да повеќе да не загрижува, е тоа што агендата и јавниот дискурс за вселената сега во огромна мерка се водени и насочувани од некои од најбогатите индивидуи во светот.

Можеби напорите на овие луѓе и нивните компании ќе доведат до огромни придобивки за човештвото, но ние како општество исто така треба да може да одлучуваме „освојувањето’ на вселената да носи бенефит не само за нивно, туку и за наше добро .
Вселената може да биде клучот за решавање на некои од нашите најголеми проблеми, без разлика дали е тоа преку вселенска соларна енергија , минирање астероиди или, зошто да не,претворање на Марс во наша резервна планета. Во моментов сите овие се прилично далечни и утописки идеи, сигурно, но и самото „освојување “ на вселената од Џеф Безос и Ричард Брансон, достигнувањата на Илон Маск, потврдуваат дека релативно бргу „невозможните“ мисии стануваат сосема возможни и не толку далечни.
Патем, историјата на вселенските иновации сугерира дека можеби не е толку лудо да се очекува дека учењето како да се преживее на Месечината или Марс, исто така, може да нè научи на нови начини да го намалиме сопственото влијание врз животната средина на Земјата.
НАСА ги проектираше границите на вселената, за Маск, Безос и другите да го преземат производството на ракети кои изгледаат поспособни, ефикасни и поевтини од пионерското, јавно финансирано вселенско летало од претходните епохи. Тоа е супер. Сега е време ние луѓето да одлучиме кои граници сакаме да ги истражуваме следно, наместо да чекаме некој друг богат фраер да ја преземе контролата.