ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.07.2021
Новиот апдејт наречен Windows 11

Бесплатниот „апдејт“ наречен Виндоус 11: но дали новите промени се доволно оправдани да се нарече себе си „Нов оперативен систем“ или пак сѐ ќе се сведе на обичен апдејт врз стариот Вин10?



Промените кои се забележуваат на прв поглед се секако визуелните и тоа:

  • Таскбарот добива нов фејслифт со нов модерен стил и е сместен на среднина на мониторот слично како на МакОС, повеќе заради полесно да ги најдете активните прозорци и најчестите програми побрзо, доколку работите на ултра широките нови монитори кои се сѐ попопуларни.
  • Новите и редизајнирани икони на секоја од алатките и програмите за која Микрософт вели дека излгледаат пореални од сите досега.
  • Нови форми на „снеп леаутите“ или складирањето на секој од отворените прозорци потребни за работа и нивна интерактивност.
  • Промената помеѓу различните надворешни монитори и распоредувањето на најчестите позиции на мониторите (кога се користи истиот лаптоп дома и на работа).
  • Анимираните виџети кои беа нешто ново на постарите верзии, се вратени назад, изгледаат нешто како нотификациите на вашиот телефон.



  • Една од поголемите работи е што Microsoft Store (Продавницата) ќе содржи многу повеќе апликации кои се прилагодени за работа со екрани на допир.
  • Додадени се мали т.н. подесувања на допир, за полесно да ве разбере системот што сакате да работите во моментот, дали да скролате или пишувате текст.
  • Има и нова тастатура на екран (onscreen keyboard), која е многу слична сo смарт телефоните за полесно пишување, па дури и помош со готови зборови во вертикална таблет функција.


  • 11-сетката поседува и опција позајмена од X-BOX каде што на преку илјада најнови игри нуди автоматска HDR графика.
  • Најавено е и дека новиот Виндоус има направено нова посебна траса за комуникација помеѓу графичката картица и меморијата во компјутерот со цел да се намали времето на чекање и на вчитување на играта, односно да не патува информацијата низ главниот процесор при што се губи на време.



На прв поглед Виндоус 11 е многу повеќе од само ново нацртани иконки врз старата 10-ка. 11-ката има и целосно нова подлога за поддршка на хибрид-ахритектурата на новите процесори, каде што се зголемува користењето на јадрата кај процесорот и воедно ја намалува неговата потрошувачка на електрична енергија и работната температура.

Постојат и нови т.н. „Виндоус групи“ кои ќе бидат многу корисни доколку работите повеќе различни теми на работа, на пример: за повеќе клиенти одеднаш и менувањето помеѓу нив ќе биде многу олеснето и графички разделено, со различни виртуелни десктопи.



XBox Game Pass е сега интегриран во Xbox апликацијата која си е дел од новиот Виндоус. Нова најава е што во блиска иднина сите команди кои ќе се вршат, ќе бидат водени преку Вашиот глас – како гласовни команди, a има најава и дека 11-ката ќе има „соработка“ помеѓу повеќе платформи на други видови на оперативни системи како што е MacOS и Android. Тоа ќе значи многу добра работа за кодерите на апликации за Android платформата, кои сега нема да мора да инсталираат посебни нови т.н. преведувачи или емулатори за да си ги видат нивните креации, во живо на екранот.

„Виндоус продавницата“ отсега ќе содржи и опција за стримување на најновите филмови и ТВ серии без разлика на кој стриминг провајдер сте зачленети (Amazon, Netflix, Hulu)… Микрософт опишува дека новите виџети или анимираните нотификации ќе изгледаат како да се наоѓаат врз самиот екран кој е пред вас и ќе имате илузија дека имате уште еден екран врз истиот, секако воден од вашите пребарувања и интереси на интернет преку вештачката интелигенција.



Сега за сега 11-ката ќе биде достапна само како нова надградба (update) врз веќе стариот оперативен систем, но до почетокот на 2022 ќе  се продава како посебен оперативен систем.

И на крај да не заборавиме дека со секоја нова платформа која е градена за иднината – доаѓаат и новите надградувања за се појак хардвер, што во превод ќе значи дека за минимум конфигурација на еден систем ќе ви бидат потребни: 2 или повеќејарен процесор, 4 GB гигабајти RAM работна меморија, 64 GB storage – гигабајти за место за инсталација и работа со системот и секако DirectX12 компатибилна графичка картица, што подразбира дека треба да биде од поновите генерации.

Доколку ги немате сиве овие системски побарувања, изгледа дека ќе морате да си купите нова појака конфигурација за да го користите новиот Виндоус 11.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија