ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.09.2021
Психичкото здравје е здравје – ден на психотерапија

Менталните болести  секогаш биле игнорирани од луѓето и не се сметале за сериозен проблем. Отсекогаш било полесно да се каже проблемот на некој пријател и да се побара совет од истиот, отколку на стручно лице кое има многу познавање во психологијата. Сепак, со текот на годините, луѓето почнуваат да сфаќаат колку е важна добрата психичка состојба за нормално функционирање во секојдневието. Денес постојат многу психолози и психијатри кои може да ја подобрат психичката состојба на секој поединец којшто се чувствува лошо.

Психотерапијата е форма која им помага на луѓето да надминат многу ментални болести и тешкотии. Се верува дека психотерапијата датира од IX век и прв ја развил персискиот лекар Rhazes. Група професионалци и студенти во 2012 година му дале датум на „Националниот ден на психотерапија“  со цел да се подигне свеста кај луѓето дека проблемите нема да ги решат со соседите со кои ќе го испијат своето кафе и ќе го споделат проблемот што ги мачи, туку со тим на професионалци кои ќе знаат да им го покажат вистинскиот пат по кој треба да се движат и дејствуваат.

Менталното и физичкото здравје во целина овозможуваат квалитетен живот.

Како што имаме матични лекари на кои им се јавуваме секогаш кога не сме добри физички, така треба да имаме и матични лекари на ќе им се јавиме кога не сме добри психички. Тие се професионалци кои ќе ни помогнат да се чувствуваме добро и задоволно од самите себе.

Во Македонија, донекаде со право може да се каже дека психотерапијата се уште е табу тема, и сме како подзаглавени во времето во кое за поголем дел од луѓето одењето на психијатар е срамно, (што ќе каже народот), па одлуката да се побара помош од стручни лица најчесто е тешка, проследена со многу двоумења, инхибиции, отпор…. Уште голем дел од луѓето попрво се одлучуваат да отидат на гатачки, отколку кај психијатар или психолог. Токму во насока на разбивање на табуата околу темата психотерапија треба да се насочуваат сите активности кои се поврзани со одбележување на еден ваков ден. Да, луѓето кои одат на психијатар не се луди – кратко и јасно, одовде треба да се тргне!

 

NATIONAL PSYCHOTHERAPY DAY – September 25, 2021 | National Today

Неурофидбек терапијата како современ пристап во регулирањето на мозочната активност
Аларм: Вештачката интелигенција може да излезе од контрола