ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.09.2022
Љубовта сепак има граници – во Израел!
Автор: Goce Author

Според новите правила, странците кои доаѓаат на Западниот Брег ќе мора да се пријават во Израел доколку се во романтична врска со Палестинците кои живеат таму.

Ова е уште една ставка на врвот на цела низа други ограничувања што ќе го отежнат нивното доаѓање.

Правилата, кои важат не само за оние кои доаѓаат во еврејските населби на окупираниот Западен Брег, ќе стапат на сила во понеделник, бидејќи двапати беа одложени.

Тие се подготвени од одделот COGAT во израелското Министерство за одбрана задолжен за палестинските цивилни прашања, јавуваат израелските медиуми.

Странец оженет со Палестинка, оној кој ќе се жени со Палестинка или е во врска, мора да го извести одделот.

Ако врската започне по пристигнувањето на странците на Западниот Брег, тие мора да ги известат израелските власти во рок од 30 дена од нивната свршувачка, брак или заеднички живот, што и да се случи прво.

Дополнително, мора да се поднесе барање до палестинската управа за официјализирање на статусот. Доколку статусот не се формализира во рок од 90 дена, израелската дозвола истекува. Во таков случај,странецот мора веднаш да ја напушти земјата.

Правилата важат за имателите на странски пасоши, вклучително и Палестинците од странство кои планираат да го посетат Западниот Брег. Тие повеќе нема да можат да добиваат визи по пристигнувањето на израелскиот меѓународен аеродром во близина на Тел Авив. За тоа ќе мора да поднесат барање 45 дена во однапред.

Невладината „Хамокед“ ги обжали мерките до Врховниот суд во Израел

Новите мерки, исто така, во голема мера ќе ја ограничат можноста за странци да студираат на Западниот Брег. Во прашање е и волонтирањето,работењето таму, што е голем удар врз програмите за размена што ги води ЕУ.

Илјадници палестински семејства ќе бидат лишени од правото да живеат заедно без прекин и да живеат нормален семеен живот, предупреди израелската организација за човекови права Хамокед. Оваа организација ги обжали мерките до Врховниот суд на Израел.

Директорката на Хамокеда, Џесика Монтел, во изјавата истакна дека меѓународното хуманитарно право му дава можност на Израел, како окупаторска сила, да дејствува во име на безбедноста и во корист на локалното население. Но сметаат дека целта на израелските власти е да го ограничат растот на палестинското население со здружување семејства.

Овој град е прогласен за најсреќниот во светот

На прашањето на France Presse, COGAT одговори дека новите регулативи се пробни и ќе важат две години. Целта била да се направи процесот на влез поефикасен и подобро прилагоден на условите.

Канадскиот лекар Бенџамин Томпсон оцени дека ваквиот потег на Израел ќе ја попречи работата на здравствените работници и ќе ги оштети животите на палестинскиот народ.

Ограничувања има и за програмите за академска размена. Само 150 професори и 100 студенти ќе можат да доаѓаат на палестинските универзитети секоја година.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија