
Грција се стреми, овој летен период, да ги укине сите рестриктивни мерки, па ќе може да се патува и да се замине на одмор без дополнителни ограничувања.
Министерот за здравство, Танос Плеврис, во изминатиот период изјавил дека имаат намера чекор по чекор да ги отстранат мерките, но бидејќи пандемијата се уште не е завршена, оваа одлука може да се промени.
Од 15 април привремено се укинува административната месечна казна од 100 евра за сите невакцинираните граѓани кои се над 60 години, стадионите ќе бидат со целосна исполнетост, а невакцинираните просветни работници и учениците ќе мора да прават по еден тест неделно.

На почетокот од април се укина и мерката за задолжително носење на маски, а малку подоцна и задолжително приложување на PLF формулар.
Засега останува мерката за влез во државата и со сертификат за вакцинација и носење на заштитни маски во затворени објекти.
Сертификатите за вакцинација и прележана болест имаат различно времетраење за патување во земјата и различно за влез во просторите во внатрешноста на Грција.
За влез во земјата сертификат за вакцинација и прележана болест важат 9 месеци по втората доза и 6 месеци по првиот позитивен тест,а за влез во затворените објекти во земјата, 7 месеци за сертификатот за вакцинација и 90 дена за потврдата за прележан Ковид-19. Оние кои имаат примено бустер доза, немаат никакви ограничувања.