
Официјален рекорд на највисока температура измерена во Европа е 48,8 степени, измерени на 11 август 2021 на Сицилија.
Светската метеоролошка организација објави дека новите температурни рекорди за континентална Европа ќе се споредат со температурата од 48,8 измерена на Сицилија на 11 август 2021 година.

Светската метеоролошка организација (СМО) е признат авторитет за верификација на екстремни временски податоци. Одржува официјален регистер за температура (глобална и хемисферична), врнежи, суша, катастрофи поврзани со временските услови и смртност.
„Доколку има нови рекордни екстремни температури за време на тековниот топлотен бран, ќе издадеме брза прелиминарна проценка и потоа ќе започнеме детални проценки како дел од нашиот макотрпен процес на верификација“, рече проф. Рандал Сервени, известувач на WMO за временските услови и климатските екстреми.
„Климатските промени и зголемувањето на температурите поттикнаа зголемување на извештаите за рекордни временски и климатски екстреми, особено во однос на топлината. Мораме да се погрижиме овие записи да бидат потврдени за научно разбирање и точност“, нагласи проф. Сервени.

Според Архивата за временски и климатски екстреми, највисоката температура забележана откако се водат записи била 56,7°C. Измерена е во Фурнас Крик во долината на смртта во Калифорнија на 10 јули 1913 година.
WMO моментално проверува две отчитувања на температурата од 54,4 °C, во Долината на смртта на 16 август 2020 и на 9 јули 2021. Ако се потврди, ова ќе биде највисоката температура на Земјата од 1931 година и трета највисока забележана досега.
Проверките се темелни и бараат време, нагласуваат од СМО. Наодите се објавени во рецензирани списанија.
„Мерните инструменти од 2020 и 2021 година во Долината на смртта мора да бидат демонтирани и испратени во независна лабораторија за калибрација. Еден од тестовите е завршен, а го чекаме вториот“, забележува проф. Сервени.
The @WMO will examine any potential new temperature records as intense heatwaves grip the southern USA, Mediterranean, North Africa, Middle East, and some countries in Asia, including China. #StateOfClimate
🔗 https://t.co/5NRWpDGJWu pic.twitter.com/RTcBDsnx4n
— World Meteorological Organization (@WMO) July 17, 2023
СМО прифати нов температурен рекорд за континентална Европа од 48,8 °C измерен на Сицилија на 11 август 2021 година. Комитетот од експерти ја потврди точноста на отчитувањето на температурата, но сè уште не објави целосен извештај.
Можно е овој рекорд да биде соборен во наредните денови бидејќи топлотниот бран ќе се засили.
Претходниот потврден рекорд на максимална температура за континентална Европа беше 48,0 °C. Беше поставен во Атина на 10 јули 1977 година.
Втората највисока температура во светот од 55,0°C била поставена во јули 1931 година во градот Кебили во Тунис.
Портокаловата фаза во цела држава ќе трае до 25 јули – избегнувајте активности на отворено
Други температурни рекорди се 54,0 °C во Кувајт на 21 јули 2016 и во Пакистан на 28 мај 2017.
„Некои метеоролошки историчари ја доведуваат во прашање точноста на старите температурни записи.
Архивата на WMO Weather and Climate Extremes е секогаш подготвена да го истражи секој минат екстремен рекорд кога ќе се презентираат нови веродостојни докази. Сепак, и Националниот комитет за екстреми на САД и Архивата за временски и климатски екстреми на WMO ги прифаќаат температурите измерени во 1913 година“, додава проф. Сервени