ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.04.2022
Џиновски омлет, камшикување девојки – чудни традиции за Велигден
Автор: Goce Author

Велигден е празник кој се слави ширум светот и иако сите знаеме дека станува збор за православен празник, сепак има многу чудни традиции за славење. Погледнете дел од нив:

Најголемата кајгана во Франција

Во понеделник на Велигден жителите од Хаукс се собираат, прават кајгана од околу 4.500 јајца во џиновска тава и го создаваат најголемиот омлет кој треба да нахрани околу 1.000 луѓе. Кајганата се прави на плоштадот и служи за ручек. И вечера. И појадок…

Photo by: Shutterstock

Полевање со кофи вода во Унгарија

Во Унгарија жените се облекуваат во традиционална облека во недела на Велигден и ги прскаат и полеваат со вода. Непријатно малку нели?

Photo by: Shutterstock

Ноќ на вештерките во Финска

Ноќта на вештерките во Финска се прославува на Велигден каде што малите девојчиња се маскираат во вештерки и талкаат низ улиците. Легендата вели дека таа вечер вештерките летаат во Германија и таму се дружат со сатаната. Затоа се палат и огнови, за да се заштитат од лошите духови.

Photo by: Shutterstock

Распнување во Филипините

Овде некои католици веруваат дека ќе ги исчистат своите гревови и ќе се прочистат со тоа што ќе се распнат за Велигден. Римокатоличката црква не е заинтересирана за идејата и активно се обидува да ја обесхрабри оваа практика, но без многу успех.

Photo by: Shutterstock

Криминална приказна во Норвешка

Ако секаде со светот цвета радоста за Велигден, во Норвешка цвета криминалот. На телевизија скоро сите канали имаат криминални емисии, а најголемиот број на детективски и криминални романи се издаваат баш за Велигден. Интересно е тоа што и маркетите се преплавени со „криминални“ реклами.

Топ 5 дестинации за да ги поминете велигденските празници

Лов на зајаци во Нов Зеланд

Додека остатокот од светот јаде велигденски чоколадни зајачиња, луѓето од Отаго ги грабнуваат пиштолите за годишниот „Голем Велигденски лов на зајачиња“. Идејата е да ги ослободат земјоделските површини од „инвазивните штетници“. 500 ловци се борат за посакуваниот трофеј и паричната награда од 3.500 американски долари, за најмногу уловени зајаци. 

Камшикување во Чешка

Доколку сте женско и по некоја случајност се најдете во Чешка во понеделник на Велигден, подобро е да останете дома. Локалните мажи и момчиња шетаат по улиците и бараат девојки за „благо“ камшикување. Се верува дека камшикувањето ќе потикне подобро здравје и убавина кај девојките.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија