ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.06.2022
Џоди Бураж го одбележа првиот ден на Вимблдон
Автор: Goce Author

Џоди Бураж, тенисерка од Велика Британија го одбележа првиот натпреварувачки ден на Вимблдон откако помогна на момче кое собираше топки.

Фото: Tennis365

Бураж направи потег достоен за епитетот херојски. На сред меч против Украинката Лиза Тсуренко видела дека момчето кое собира топки не се чувствува добро.

Несреќниот млад човек не можел адекватно да застане на нозе, изгледал нестабилно пред да почне да паѓа. За среќа, Британката навремено реагирала.

Додека другите не забележале, Бураж не чекаше ништо. Отрча до нејзината клупа, зеде енергетски пијалок и енергетски гел и му го донесе и му помогнала на момчето.

Таа му донела и кесичка со гумени бонбони од публиката за да му ја врати енергијата на момчето. Бураж го однесе несреќниот млад човек до столот и му помогна, а со тоа предизвика голем аплауз од присутните.

Паузата на мечот траеше 10 минути и момчето се опорави. Британката Џоди Бураж беше поразена во два сета од Лиза Тсуренко, но со херојски потег ја „собра“ целата слава и придоби бројни неутрални фанови на своја страна за следните потфати.

https://twitter.com/i/status/1541398227425132546

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија