ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.02.2022
5000 евра за вакцинација од германски бизнисмен за вработените
Автор: Goce Author

Компанија во Германија потрошила 2.5 милиони евра за да ги награди вработените кои се одлучиле за вакцинација против корона, наградувајќи ги со по 5000 евра.

Photo by Hakan Nural on Unsplash

Тоа е еден од начините на кој дел од компаниите се трудат да го заштитат својот бизнис, соочени со фактот дека колку повеќе се шири заразата меѓу вработените, продуктивноста и успешноста побвеќе паѓаат. Во компанијата Bother AG во Германија, во ноември и декември работниците кои се вакцинирале добиле по 5000 евра награда.

Вакцинацијата стагнира, па надлежните и работодавачите се одлучуваат за различни стимулации за да привлечат што поголем број граѓани на имунизација.

Слично е и во Германија кога се работи за вакцинација, па една компанија од Јена решила да ги поттикне своите вработени да ја добијат првата доза.

За поттик за вакцинација, компанијата понудила бонус од 5000 евра

Имено, тие им понудиле бонус од 5.000 евра. Станува збор за компанијата Bother AG, а нивниот шеф во ноември изјави дека неговата понуда ќе важи до јануари. Ваквата одлука го мотивирала лошата вакцинација на вработените. Имено, секој десетти работник бил заразен, а процентот на вакцинација бил околу 60 отсто, пишува порталот магазин Феникс. Компанијата проверила и дали има ефект нејзината финансиска стимулација.

Здравствените и верските лидери со апел до граѓаните

Понудата ја искористија повеќе од 500 вработени. Ја чинеше компанијата околу 2,5 милиони евра, откри нивниот шеф на компанијата, во која сега се вакцинирани 90 отсто од луѓето.

Членот на Управниот одбор Данило Фрасијак потврди дека таквиот потег се исплател, пред се затоа што се намалил бројот на инфекции, со што вработените се заштитени а и работата подобро се завршува. „Додека во ноември имавме и до десет инфекции дневно, во последните шест недели е регистрирана само една инфекција“, рече Фрасијак, додавајќи дека е горд на вработените. „Нашите вработени се заштитени од последиците од корона инфекција и тоа е многу добро за нас како компанија затоа што можеме да ја завршиме нашата работа со одличен тим“, истакна Фрасијак.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија