ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.06.2022
Аеродром? Што ќе им е, премали се!
Автор: Goce Author

Аеродром е дел од инфраструктура која е неопходна за да стигнете до посакуваната дестинација брзо. Но, во Европа има пет држави кои немаат ниту еден аеродром.

Списокот на овие европски земји е истовремено и список на земји кои се меѓу најмалите во светот според површината што ја заземаат, а меѓу нив се: Ватикан, Монако, Лихтенштајн, Андора и Сан Марино.

Пред да започнете да планирате одмор во Европа, можеби ќе сакате прво да проверите дали вашата посакувана дестинација има аеродром.

Иако земјите на списокот немаат сопствен аеродром, тој обично е помалку од еден час оддалечен од оние во соседните земји, а недостатокот лесно може да се надомести. Реално, тоа е растојание кое најчесто мора да се мине и од аеродромите во многу големи градови до центарот на градот, но останува фактот дека официјалната варијанта е – државата нема аеродром!

Кои се петте европски држави без аеродром?

Ватикан

Ватикан е најмалата земја во светот, сместена во Италија. За да стигнете до неа, ќе мора да летате до „Леонардо да Винчи“ во Рим, а потоа да земете такси – возењето трае околу 35 минути.

Монако

Втората најмала нација во светот, Монако, е опкружена со Франција и нема аеродром.

Ќе треба да летате до аеродромот Ница на Азурниот брег, а потоа да земете такси за 30 минути за да стигнете до Монако.

Андора

Државата Андора е во слична ситуација, иако таму можете да патувате преку Шпанија или Франција, која се граничи со оваа мала нација.

Најблискиот аеродром е Сео Де Ургел во Шпанија, а возењето до Андора трае околу 35 минути со автомобил.

Сан Марино

Сан Марино е уште една од петте земји кои немаат сопствен аеродром.

Најблиското место за слетување на авиони е во италијанскиот град Римини. Возењето од аеродромот Федерико Фелини трае околу 30 минути.

Седум држави привлекуваат најмногу туристи – лидер е Франција

Лихтенштајн

Не можете ни да летате до Лихтенштајн, земја опкружена со Швајцарија и Австрија. Најдобар начин е да летате до Цирих, а потоа да земете такси или да дојдете со воз од Буча или Сарганс на швајцарската граница.

Во 2019 година, Lonely Planet ја прогласи оваа земја за една од најдобрите европски дестинации за посета.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија