
Досега се сметаше дека антибиотиците ги убиваат бактериите или го спречуваат нивниот раст. Сепак, овие лекови можат да им помогнат на некои бактерии да преживеат подолго, покажува новото истражување.
Антибиотиците, треба да ги убијат бактериите или барем да го запрат нивниот раст и репродукција. Сепак, истражувачите велат дека за прв пат покажале дека овие лекови, можат да им користат на бактериите и да ги заштитат од смрт.

Photo by Roberto Sorin on Unsplash
Експертите откриле дека некои бактерии не успеваат во лабораториски услови додека не биле изложени на антибиотици.
Отпорноста на антибиотици спречи делување на некои антибиотици, бидејќи бактериите се менуваат како одговор на употребата на овие лекови. Тоа значи дека инфекциите би можеле да бидат најголемата причина за смрт до 2050 година, предупредуваат експертите.
„Нашето истражување е доказ за несакани ефекти кои досега не биле видени. Едноставно не знаеме како лековите ја менуваат рамнотежата кај бактериската популација“, вели професорот Роберт Бердмор од Универзитетот во Ексетер.
Во истражувањето финансирано од Советот за истражување на инженерски и физички науки (EPSRC) и објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences, тимот откри дека одредени антибиотици можат да помогнат во спречувањето на бактериите да се намалуваат кога ќе умрат.
Ова значи дека повеќе бактерии можат да преживеат подолго во споредба со оние кои не биле изложени на антибиотици.
Проф.Роберт Бидмор, водечки автор на истражувањето на Универзитетот во Екситер, вели дека студијата всушност започнала кога сфатиле дека некои соеви на бактериите не можеле да напредуваат во бројност во лабораторијата се додека не ги изложиле на антибиотици.
„Како резултат на тоа, ова е првиот доказ дека антибиотиците можат да го подобрат преживувањето на бактериите. За да се справиме со отпорноста на антибиотици ширум светот, треба да знаеме многу повеќе за влијанието на овие лекови врз рамнотежата на бактериските екосистеми, како што се оние во цревната микрофлора или во реките изложени на антибиотици“, објасни Бирдмор.
Според него, резултатите од истражувањето се доказ за несакани ефекти кои досега не се видени. Едноставно не се знае како лековите го менуваат балансот на бактериската популација во тие контексти.

Image by jcomp on Freepik
Истражувачите ја испитувале ешерихија коли во лабораториски експерименти. Тие откриле дека антибиотиците кои ги таргетираат рибозомите – „фабриките“ кои им помагаат на клетките да создаваат протеини од ДНК – го забавуваат растот на бактериите.
„Многу антибиотици го забавуваат растот на бактериите, но ние покажуваме дека тоа може да им помогне на бактериите да ја надминат кризата со хранливи материи што инаку би ги убила, а на крајот ќе им помогне да преживеат“, објасни д-р Емили Вуд.
Не користете лекови препорачани од инфлуенсери – во Македонија се забележани и фалсификати
Д-р Емили Вуд истакна дека многу антибиотици го забавуваат растот на бактериите. „Во нашите експерименти, бактериите преживеаја бидејќи антибиотиците се антиоксиданти. Тоа значи дека им помагаат на клетките да се справат со некои од отпадните производи што ги создаваат додека растат.
Според д-р Вуд, важно е бактериите отпорни на антибиотици кои биле тестирани да ги немаат истите предности. Затоа во студијата изложувањето на антибиотици не промовира отпорност, што е невообичаено.
„Нашиот следен чекор ќе биде да измериме како овие наоди ја менуваат динамиката на повеќевидните бактериски заедници“, објави д-р Вуд.