
Авганистан продолжува со дискриминацијата на жени – по забраната на средни училишта за девојчиња, сега се забфранува жените да полагаат приемни испити за факултет.

Фото: NPR
Авганистанското Министерство за високо образование им нареди на приватните универзитети во земјата да не дозволуваат студентки да полагаат приемен испит следниот месец.
Писмото на Министерството е испратено до институциите во северните провинции на Авганистан, вклучувајќи го и главниот град Кабул, каде што треба да се одржуваат приемните испити од крајот на февруари.
Во писмото се наведува дека оние институции кои нема да ги почитуваат правилата ќе се соочат со „правни последици“.
Ресорното министерство им порача на универзитетите да не дозволуваат студентки да ги посетуваат факултетите до дополнително известување.
Искоренување на насилството врз жените во политиката, на медиумите и на социјалните мрежи
Неколку дена подоцна, управата забрани работа на повеќето жени вработени во невладини организации.
Властите ги затворија и повеќето средни училишта за девојки. Меѓународната заедница ги осуди ограничувањата на работата и образованието на жените во Авганистан, пренесува Ројтерс.