
Кога ќе помислите некогаш дека годините ве спречуваат во нешто, нека ви текне на Кандида Удерко, бабичка која има 100 години и се’ уште вози. Таа е третиот стогодишник во Италија, која ја обновила својата возачка дозвола. Во Италија лицата постари од 80 години мора да ја обновуваат возачката дозвола на секои две години со лекарско уверение дека се ментално и физички способни.
View this post on Instagram
„Имам среќа да живеам 100 години, а оваа дозвола ме прави да се чувствувам среќна и послободна. Никогаш не пијам таблети, освен кога имам проблеми со спиењето.“, изјавила Кандида за италијанскиот медиум Corriere del Veneto.
Покрај тоа што сака да вози, оваа супер бабичка ужива и во прошетките. Секоја недела наутро во шест таа е подготвена за прошетка сама или со пријателите.
“Отидов на прошетка со пријателите, разговаравме и се смеев. Кога се пензионирав, се приклучив на групата Лаверда. И оттогаш не пропуштив ниту една неделна прошетка”, изјавила таа.