ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.06.2022
Бабичка која има 100 години ја обновила возачката дозвола
Автор: Goce Author

Кога ќе помислите некогаш дека годините ве спречуваат во нешто, нека ви текне на Кандида Удерко, бабичка која има 100 години и се’ уште вози. Таа е третиот стогодишник во Италија, која ја обновила својата возачка дозвола.  Во Италија лицата постари од 80 години мора да ја обновуваат возачката дозвола на секои две години со лекарско уверение дека се ментално и физички способни.


„Имам среќа да живеам 100 години, а оваа дозвола ме прави да се чувствувам среќна и послободна. Никогаш не пијам таблети, освен кога имам проблеми со спиењето.“, изјавила Кандида за италијанскиот медиум Corriere del Veneto.

Електрични и хибридни автомобили го намалуваат стресот

Покрај тоа што сака да вози, оваа супер бабичка ужива и во прошетките. Секоја недела наутро во шест таа е подготвена за прошетка сама или со пријателите.

“Отидов на прошетка со пријателите, разговаравме и се смеев. Кога се пензионирав, се приклучив на групата Лаверда. И оттогаш не пропуштив ниту една неделна прошетка”, изјавила таа.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија