ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.09.2022
Белгиски судии и обвинители на „викенд“ во затвор
Автор: Goce Author

Вкупно 55 судии и обвинители доброволци во саботата се одведени во затвор во околината на Брисел за да го искусат животот на затвореник два дена.

Photo by Grant Durr on Unsplash

Како што соопшти белгиското Министерство за правда, волонтерите утрото во 9 часот пристигнале во затворот Харен, нов објект со капацитет од 1.190 затвореници кој треба да биде отворен на 30 септември.

Тие ќе бидат третирани како вистински приведени до завршување на операцијата закажана за недела во 16 часот.

„Претставниците на правосудните органи многу добро знаат како стојат работите во затворот, но нивното лично искуство им дава единствена можност што може да им помогне во изрекувањето на казната бидејќи ќе имаат подобро знаење“, велат од Министерството.

Повик за студенти на Правен факултет да бидат дел од Правна клиника за давање правна помош

Волонтерите ќе мора да ги почитуваат наредбите на персоналот за време на нивниот престој во затвор.

Не можат да користат мобилни телефони, ниту пак имаат право на посети. Тие ќе мора да јадат затворска храна и да вршат секојдневни активности на затворениците, како што се работа во кујна или перална, и да одат на спиење во 22 часот кога ќе се изгаснат светлата.

Се смета дека на ваков начин судиите и обвинителите ќе станат посвесни за значењето на правилното изрекување на казните.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија