ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.03.2022
Британски Тајмс: Зеленски преживеал три обиди за атентат
Автор: Goce Author

Британскиот весник Тајмс пишува дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски преживеал три обиди за атентат во последните денови.

Претседелот Зеленски во воена униформа

„Неверојатно е колку е добро информирана екипата која работи на безбедноста на Зеленски“, вели неименуван извор за Тајмс. Тој додава дека еден од овие обиди бил во саботата кога чеченски убијци се елиминирани во предградие на Киев.

Истиот медиум неодамна објави дека платеници од таканаречената група Вагнер и чеченски специјалци се пратени да го елиминираат Зеленски.


Ангела Меркел го известува Зеленски дека се примени во ЕУ? 


Денес се пишува плановите за атентат биле откриени од страна на француските тајни служби и дека членовите од Вагнер групата претрпеле губитоци во обидот да го елиминираат Зеленски.

Пред неколку дена пак друг западен медиум објави дека претседалот на Русија, Владимир Путин испратил екипа од 400 платеници од групата Вагнер кои имале за цел да го убијат украинскиот претседател.

Групата Вагнер е приватна руска војска која некои ја третираат и како терористичка организација.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија