
Нетфликс повторно одлучи да ги зголеми цените за своите претплати. Бидејќи во САД и Канада корисниците веќе добиле повисоки цени, веројатно ќе следува и тука. Но, за кај нас тоа сеуште не е најавено, ама се очекува наскоро, сепак да поскапат услугите на пакетите.

Најпопуларната стриминг платформа во светот брои неверојатни 214 милиони корисници. Корисниците од САД забележале зголемување кај сите три пакети кои ги нуди Нетфликс. Стандардниот пакет поскапнал од 9 на 10 долари. HD пакетот кој овозможува истовремено гледање на два уреди поскапнал од 14 на 15,5 долари. А оној пакет кој ние најчесто си го делиме – да може да се гледа на четири уреди истовремено е поскапнат од 18 на 20 долари.
Популарноста на Нетфликс драстично порасна со пандемијата. Некои луѓе навистина не можат да си го замислат денот без омилените филмови и серии. Па веројатно ова покачување нема многу да им значи.

Зголемувањето на цената во нашиот регион може да покрене расправа околу содржините на Нетфликс за американскиот и за нашиот пазар.
Не знам дали сте знаеле, ама Нетфликс кој ние го гледаме има само 15 проценти од содржините кои ги има американскиот Нетфликс, а плаќаме скоро иста сума. Наводно Нетфликс се одлучиле на овој чекор бидејќи им било доста тешко да соберат повеќе претплатници на американскиот пазар. Алтернативниот начин за заработка бил поскапнувањето. Останува да се види дали овој модел трајно ќе им наштети или судејќи по претходните поскапнувања, тоа може само да им донесе дополнителна заработка.