ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.06.2022
Давењето е опасност за пливачите, претпазливоста е приоритет
Автор: Goce Author

Давењето е трета водечка причина за ненамерни повреди во светот со учество од седум отсто во групата повреди.

Photo by Blake Cheek on Unsplash

За време на Светското првенство во пливање во Будимпешта за малку ќе се случеше трагедија кога една пливачка се онесвести во базенот за време на натпреварувањето во синхронизирани пливачи. Пливачката Анита Алварез (25) почна да се дави, но брзата реакција на тренерот ја спаси.

Овој случај покрена многу прашања, мешу другото и декаопасноста од давење не е закана само за непливачите и дека многу млади луѓе гинат додека одат на плажи и базени.

А потоа во коментарите секогаш има куп паметни луѓе кои зборуваат за алкохол и дрога, лоши и неискусни капачи… Многу млади луѓе се повредуваат за време на патувања, екскурзии или групни излети на базени и плажи. Давењето во водите е уште поголем ризики при такви настани.

Токму неодамна, имавме пример на млад Македонец кој се удави на плажа во Хрватска. Секоја година имаме случаи на давење на млади лоица во вештачките и природните езера низ Македонија. Неретко тоа се случува и во реките.

Според Светската здравствена организација, давењето е трета водечка причина за ненамерни повреди во светот со учество од седум отсто во групата повреди.

Секоја година, 236.000 луѓе умираат од давење во светот. Поради овие загрижувачки податоци, треба да се посвети внимание на некои основни правила за безбедно влегување во море или базен.

Давењето ризик за малите деца, непливачите, машките лица, лицата со хронични заболувања, лицата кои консумирале алкохол…

Под зголемен ризик од давење се малите деца, непливачите, машките лица, лицата кои боледуваат од одредени хронични заболувања, лицата кои консумирале алкохол и луѓето кои се капат во езерата и реките.

Фото: The Indian Express

Еве дел од некои правила кои се поместени во кодекс во некои држави:

– Не пливајте најмалку еден час после оброк.

– Ако сте конзумирале алкохол, не пливајте.

– Со затоплено (загреано) тело не влегувајте во водата.

-Кога не знаете која е длабочината на водата, не скокајте во неа.

– Никогаш не пливајте сами.

– Пливајте во близина на спасувачите.

– Следете ги упатствата и знаците на спасувачите.

– Ако западнете во неволја, останете смирени. Пловете на грб и мавтајте со едната рака за помош.

– Знајте каде се вашите деца во секое време. Внимавајте на нивните движења, особено кога пливаат или си играат со вода. Децата можат да се удават и во плитка вода.

– Внимавајте на големите бранови што доаѓаат. Тие можат да ве „однесат“ иако мислите дека стоите на безбедно место.

– Избегнувајте качување по карпи и држете се подалеку од рабовите на карпите. Дури и малите падини можат да бидат опасни ако се влажни.

– Душеците на надувување се атрактивен начин за забава во вода. Но, внимавајте! Лежејќи на него, ветрот може да ве изнесе во морето.

– Не се изложувајте прекумерно на сонце.

Препораки за намалување на ризикот од давањето и зголемување на безбедноста на вода

Препораките за зголемување на безбедноста на водата велат дека децата треба да бидат внимателни кога се во вода и да се забрани пристапот до базените за децата да не можат сами да влезат во базенот. Заштитните капаци на контејнери за вода, бунари и други слични места треба да бидат заклучени и обезбедени од деца. Контејнерите или поголемите контејнери кои може да се полнат со вода не треба да се оставаат во дворови во близина на куќи.

Тие советуваат и носење заштитен елек и посебна претпазливост при капење во езера и реки. Кога нуркате, не задржувајте го здивот премногу долго или хипервентилирајте пред да нуркате. Потребно е да се знаат и применуваат основните правила за безбедно нуркање. Секогаш треба да се нурне во парови.

Хероината која ја спаси американската пливачка: Се исплашив и морав да скокнам по неа

Луѓето кои страдаат од хронични, особено срцеви заболувања и дијабетес и епилепсија, треба да ги следат упатствата на вашиот лекар за тоа како да се однесуваат во текот на летните горештини и да ја земаат препорачаната терапија, но исто така треба да знаете дека некои лекови може да доведат до несакани ефекти кои може да го зголемат ризикот од давење.

Алкохолот го зголемува ризикот од давење поради голем број негативни влијанија вклучувајќи нарушена свест, намалена контрола на расудувањето, нарушена моторна координација и многу други промени во човечкото тело. Давеник може да се удави и со тоа да загрози друго лице, вклучително и најдобрите капачи, па затоа се препорачува спасувањето, доколку има услови, да им се остави на лица кои се обучени за тоа. Доколку нема такви лица во близина, на давеникот треба да му се пристапи со претпазливост.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија